-6.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Бугарската социјалистичка партија нема да води преговори со ГЕРБ и со ДПС

Најчитани вести

Бугарската социјалистичка партија ќе продолжи да води дијалог, изјави за БНТ Иван Ченчев од раководството на партијата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, она што, според Ченчев, би можело да се постави пред БСП како задача е приближување на позициите до партиите кои се на „новиот бран“, иако многу од нив добиле резултат што не ги задоволува.

За очекуваната кандидатура на Кирил Петков за идниот премиер на Бугарија, Ченчев рече дека неговото барање одговара на она на БСП да ги исполни очекувањата на народот. Тој додаде дека за БСП не се важни имињата на министрите и позициите, туку политиките и програмите на партиите треба да бидат толку блиски за да се најде излез од кризата. Тој ги издвои пензиите и здравството како приоритет во законодавната дејност на БСП. БСП нема да учествува во преговорите со ГЕРБ и ДПС, додаде Ченчев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com