14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Бугарската влада одлучи да го продолжи физичкиот попис до 10 октомври

Најчитани вести

Привремената бугарска влада одлучи да го продолжи рокот на попишувачите за една недела и тие ќе можат да ги посетуваат домаќинствата, зградите и домовите до 10 октомври.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, продолжувањето на периодот за попис на населението ќе им обезбеди неопходно време на попишувачите да ги завршат своите активности и да ги соберат сите потребни информации во согласност со европското и националното законодавство.

Националниот институт за статистика на Бугарија објави дека рокот за попис преку Интернет истекува до 30 септември на полноќ. Дотогаш граѓаните на Бугарија ќе можат да се попишат преку информативниот систем „Попис 2021“.

Досега, 2.216.254 луѓе се пребројани преку Интернет, распоредени во 973.811 домаќинства.

Преку физичките попишувачи заведени се 1.954.116 луѓе, а вкупниот број луѓе во Бугарија веќе е над четири милиони луѓе.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com