33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Бугарија се приклучува кон европскиот договор за вакцини „Фајзер“

Најчитани вести

Бугарската влада одлучи да се приклучи на договорот што Европската комисија го потпиша со Фајзер.

Dоговорот предвидува вакцини за 2022 и 2023 година за цела ЕУ.

– Значи, прашањето е решено, коментира министерот за здравство на Бугарија Стојчо Кацаров. Вакцините на оваа компанија ќе бидат обезбедени за следните две години во Бугарија. Од денеска стапува во сила мојата наредба за Регионалните здравствени инспекторати да обезбедат испорака на вакцини до сите матични лекари во земјата.

Стојчо Кацаров за време на брифингот по вонредниот состанок на бугарската влада коментира дека огромен број на смртни случаи во Бугарија се над 60 години, така што од понеделник до четврток ќе се вакцинираат лица над 60 години и со хронични болести.

Според министерот Кацаров, премиерот на Бугарија Стефан Јанев мора да одлучи дали ќе има Национален оперативен штаб или не. Кацаров го изрази своето лично мислење дека таквиот штаб не е потребен за управување со ситуацијата со Ковид-19.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести