Home » Бугарија: Рекордни 12.399 новозаразени и 73 смртни случаи од Ковид-19 за изминатите 24 часа

Бугарија: Рекордни 12.399 новозаразени и 73 смртни случаи од Ковид-19 за изминатите 24 часа

by Журнал.мк

Бугарија денеска пријави рекордни 12.399 нови случаи на новозаразени со коронавирус за еден ден, покажуваат официјалните податоци, при што повеќето случаи се предизвикани од позаразниот сој Ммикрон. Бугарија, каде има вакцинирани помалку од 30 отсто од своите седум милиони жители, забележа уште 73 смртни случаи во изминатите 24 часа. Во болниците има 5.347 лица, од кои 523 се на интензивна нега. Според најновите податоци, бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Бугарија надмина 903.000, а починале 32.869 лица. Најмногу новозаразени има во Софија – 3.199.

„Неодамнешниот скок на бројот на деца со позитивен тест за коронавирус ги поттикна бугарските власти да размислат за продолжување на еднодневниот одмор на девет дена, почнувајќи од 29 јануари“, рече бугарскиот министер за образование.

Над 38 отсто од учениците се префрлија на онлајн настава, додека рестораните, кафулињата и баровите во главниот град Софија од утре ќе треба да работат со 50 отсто капацитет и до 22 часот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More