Home » Бугарија прифати низа барања на Украина, но нема да ѝ испрати оружје

Бугарија прифати низа барања на Украина, но нема да ѝ испрати оружје

by Журнал.мк

Бугарија се согласи на низа барања на украинскиот претседател Володимир Зеленски, вклучувајќи поправање воена опрема, но нема да му испорачува оружје на Киев, одлучија бугарските пратеници.

Парламентот одобри низа барања на украинскиот претседател, вклучувајќи извоз на украинските житарки преку бугарското црноморско пристаниште Варна, хуманитарна помош и поддршка во влегувањето на Украина во Европската Унија.

Пакетот помош за Украина е усвоен со големо мнозинство од 200 гласа за, само 16 гласа против и еден воздржан, а против испраќањето оружје се социјалистите кои се дел од коалициската влада, но се противат на воената поддршка на Киев среде руската инвазија.

Во близина на парламентот беа одржани неколку собири на поддржувачите и противниците на испраќањето воена помош на Украина, а демонстрантите повремено се судираа. Еден од судирите се случил и кај споменикот на советската Црвена армија.

Активисти се обиделе да го покријат споменикот со украински и бугарски знамиња, но во тоа ги спречиле демонстранти кои сакаат Бугарија да остане неутрална.

https://youtu.be/A3PAZOXY9Qo

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More