17.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

Бугарија од јуни ќе добива американски гас

Најчитани вести

Бугарија од јуни ќе почне да добива американски течен природен гас (ЛНГ), што ќе и помогне во снабдувањето на пазарот откако рускиот „Газпром“ го прекина снабдувањето со гас, соопшти денеска бугарската Влада.

Аранжманот беше договорен на средбата меѓу премиерот Кирил Петков и американската потпретседателка Камала Харис во Вашингтон, соопшти владата.

– Испораките на течен природен гас за Бугарија по цени пониски од оние на „Газпром“ се договорени од јуни – се наведува во соопштението на владата, без да се дадат дополнителни појаснувања.

„Газпром“ од 27 април ја прекина испораката на гас за Бугарија и Полска, затоа што одбија да плаќаат во рубли.

Бугарија годишно троши околу три милијарди кубни метри гас, од кои над 90 отсто доаѓа од Русија.

Бугарија е во преговори со Азербејџан за зголемување на испораките на гас и се обидува да преговара за ЛНГ преку терминалите во Грција и Турција.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com