32.8 C
Skopje
Monday, August 8, 2022

Бугарија: Обвинителството покрена истрага за Лена Бориславова, десната рака на Кирил Петков

Најчитани вести

Софиското градско обвинителство покрена предистражна постапка за склучување на лоша зделка против шефицата на кабинетот на премиерот во оставка, Лена Бориславова, јавува бTV. Истрагата започна пред еден месец.

Повод за истрагата бил договор на Бугарската банка за развој за правни услуги со канцеларијата во која работела Бориславова пред да влезе во политиката. Месечниот надомест од 13.690 лева (околу 7.000 евра).

Според овој договор, како лице за контакт е именувана Лена Бориславова, но договорот е склучен со канцеларијата, а не со неа. Во тоа време Бориславова немаше функција во извршната власт.

Договорот на ББР со адвокатската канцеларија беше раскинат три месеци подоцна, кога Лена Борисовлавова реши да влезе во политиката со партијата Продолжуваме со промената.

На крајот на јуни, Бориславова на својот Фејсбук профил го коментираше овој случај:

„Обвинителството се „самопријавуваше“, но не за заостанатите кредити или за штетата на државниот ресурс, туку поради склучен договор со канцеларијата, кој му помогна на новото раководство во првите денови од битката. Жолтиот печат на ГЕРБ и ДПС ревносно учествуваат во битката од првиот ден“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com