Бугарското Министерство за надворешни работи излезе со соопштение, по бројните медиумски прашања дали Софија има дополнителни услови покрај уставните промени.
Патот на Северна Македонија кон членството во ЕУ има јасно поставени параметри. Преговарачката рамка, која ќе и биде претставена на Северна Македонија по завршувањето на фазата на отворање на пристапните преговори, како што е договорено од Советот на ЕУ, конкретно ги поставува принципите со кои се регулираат овие преговори, соопштуваат од бугарското МНР.
Од бугарското МНР потсетуваат дека Софија бара институциите да ја докажат сериозноста со која планираат да гонат злосторства од омраза против бугарите во Северна Македонија, како случајот Пендиков.