Home » Бугарија нема да ги запре испораките на руски гас за Македонија, Грција и Србија

Бугарија нема да ги запре испораките на руски гас за Македонија, Грција и Србија

by Журнал.мк

Извршниот директор на бугарската државна компанија Булгартрансгаз, Владимир Малинов, за БНТ изјави дека иако Русија ја прекина испораката на природен гас за Бугарија, нема да го запрат транзитот на руски гас за Македонија, Грција и Србија.

Според Малинов, Бугарија започнала преговори со Турција за обезбедување рута за снабдување со природен гас како алтернативна рута.

Булгартрансгаз е подготвен да го наполни бугарското национално складиште за гас во Чирен до крајот на летото и на есента. Малинов рече дека вчера е направено уште едно тестирање на гасната врска меѓу Бугарија и Грција и се се одвива според планот, така што интерконекторот ќе биде завршен до крајот на јуни, иако самиот Булгартрансгаз нема да биде негов оператор.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More