3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

Бугарија и Грција да го признаат македонското малцинство, побара ЕФА од ЕУ

Најчитани вести

Европската слободна алијанса ЕФА усвои декларација во која ја повикува Европската Унија да ги охрабри Бугарија и Грција да го поддржат самоопределувањето и културниот идентитет на своите граѓани од македонско потекло. Според ЕФА Македонците ги исполнуваат критериумите за малцинство, лојални се на државите во кои живеат и се силно мотивирани нивниот заеднички идентитет, вклучувајќи ја нивната култура, нивните традиции и нивниот македонски јазик.

Во Документот ЕФА се повикува и на извештајот за „Минимални стандарди за малцинствата во ЕУ“.

„Имајќи го предвид фактот дека Македонците се домородно население на територијата на Бугарија и Грција и поседуваат специфични културни карактеристики, одржуваат долгорочни и лојални врски со државата и се доволно репрезентативни иако помали по број од остатокот од населението на овие држави;

Имајќи предвид пред сѐ дека Македонците се силно мотивирани да го зачуваат она што го сочинува нивниот заеднички идентитет, вклучувајќи ја нивната култура, нивните традиции и нивниот македонски јазик;

Имајќи предвид дека Македонците ги исполнуваат критериумите за малцинство според споменатиот ЕУ-извештај за минимални стандарди за малцинствата во ЕУ;

Имајќи го предвид тоа што Македонците се предмет на државно организирани систематски политики за асимилација, дискриминација и негирање на нивните човекови и малцински права;

Со оглед на долгорочните антимакедонски политики на Бугарија и Грција од 19 век наваму, Европската слободна алијанса повикува:

  1. Бугарија и Грција да изнајдат национален консензус за македонското прашање и да ја признаат својата одговорност кон македонското малцинство на нивна територија и со тоа да почнат да водат европска политика за малцинствата, и да им го дадат на Македонците целокупното право предвидено со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и други релевантни стандардни документи за малцинствата.
  2. Бугарија и Грција, кои ЕУ ги смета за држави во кои владее правото, да дејствуваат како такви и да применуваат справедлив и недискриминирачки процедурален пристап кон прашањата што се однесуваат на домородните Македонци на нивната територија.
  3. Бугарија и Грција да се охрабрат да формираат комисија за постојан дијалог со претставници на домородните Македонци со цел да започне процес за давање меѓународно загарантираните права и слободи.
  4. Бугарија и Грција да ги променат своите политики кон македонската нација во духот на европските стандарди“.

Европска слободна алијанса е алијанса на партиите на малцинствата во Европа. Декларација на Генералното собрание на ЕФА беше поднесена од Стојан Димитров од ОМО Илинден – Пирин, нерегистрирана партија на Македонците во Бугарија и од Виножито, партијата на Македонците во Грција.

„ЕФА ја разобличи систематската дискриминација на Македонците во Бугарија и Грција, и ги посочи протоколите на самата Европска Унија во кои се бара да се преземе итно дејство за да се запре ова кршење на човековите права“, се вели во реакцијата на Македонското меѓународно движење за човекови права и кое му се заблагодари на ЕФА за нејзината неуморна работа во одбраната на човековите права и ги повикува и другите организации и политички партии да усвојат слични декларации и да побараат да се стави крај на дискриминацијата врз Македонците.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com