-5.2 C
Skopje
Monday, January 24, 2022

Бугарија вчера го потврди ветото за Македонија во Брисел

Најчитани вести

Нема промена во ставот на Бугарија за почеток на преговорите со Македонија за влез во ЕУ, објави БНР по состанокот на Советот за општи работи што се одржа вчера.

Бугарското вето останува, иако, според дипломатски извор, планираниот остар став на Бугарија, кој требало да биде искажан пред Советот, не бил изразен поради трагедијата на автопатот Струма.

Постојаниот претставник на Бугарија во ЕУ, Румен Александров, најпрвин изразил длабоко сочувство за инцидентот во кој загинаа 45 македонски граѓани и истакнал дека Северна Македонија се уште не ги исполнува критериумите за одржување на првата меѓувладина конференција.

Тој додал дека Бугарија во последните месеци предложила голем број опции за надминување на отворените прашања како гаранции за правата на луѓето со бугарска самосвест, како и дека Македонија треба да преземе конкретни обврзувачки обврски, од кои некои треба да бидат исполнети на краток рок, а останатите да бидат меѓу барањата на идната преговарачка рамка. Александров рекол дека пред тоа да се случи не може да се очекува напредок.

Словенечкиот државен секретар за европски прашања, Гашпер Довжан, како што јави дописничката на МИА од Брисел, изјави дека голем фокус на денешниот состанок бил ставен на бугарско-македонскиот спор.

„Ме радува што има општа поддршка за целиот процес, но сѐ уште има билатерални прашања, посебно истакнати од страна на Бугарија. Но се надевам дека до крајот на нашето претседавање со ЕУ ќе успееме да ги решиме проблемите, овој процес мора да биде позитивен“, изјави Довжан.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com