5.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

Бугарите слетуваат во 12:00, со себе носат и навивачи, а ги чека полна Арена и минимум 20.000 гледачи

Најчитани вести

Македонската репрезентација утре со почеток од 20:45 на Арената Тодор Проески го игра последниот дуел од оваа Лига на Нации против репрезентацијата на Бугарија. По поразот од Тбилиси кој го доживеавме пред два дена, сега ни слесува можност за рехабилитација против добро познат противник. Бугарите ни се извлекоа во Разград, кога домниниравме но мечот заврши 1:1. Сега, во Скопје очекуваме да се реваншираме по сите основи.

Бугарија пристигнува во моментов, односно слетува во 12:00 часот од Вардар. Спортмедиа дознава дека гостите ќе имаат поддршка затоа што се резервирани околу 300 билети за нивни навивачи.

Од друга страна пак, дознаваме дека и во нашаа земја за овој дуел има голем интерес, и до сега се продадени повеќе од 15.000 билети. Тоа значи дека до утре би требало да се продаде поголемиот дел од капацитетот на нашиот најголем стадион и се очекуваат полни трибини.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести