9.8 C
Skopje
Monday, December 6, 2021

Буба Корели осуден на една година затвор

Најчитани вести

Раперот Алмир Хоџиќ, попознат како Буба Корели, и Алмир Бозалија се осудени на една година затвор за неовластено производство и трговија со опојни дроги.

Пресудата беше изречена од Кантонскиот суд во Сараево, врз основа на обвинителниот акт што ги товари за набавка и продажба на хашиш, амфетамини и канабис во Сараевскиот Кантон од 2014 до јуни 2015 година.

Според босанските медиуми, обвинетите ја чувале дрогата во станови, деловни простории, куќи и автомобили, по што ја препакувале во помали пакувања за улична продажба.

Алмир Хоџиќ беше во притвор од јуни 2015 до февруари 2016 година, додека Алмир Бозалија беше притворен од јуни 2015 до јануари 2016 година.Текстот Буба Корели осуден на една година затвор е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com