6.1 C
Skopje
Saturday, January 23, 2021

Буба Корели има шанси да се спаси од затвор! Погледнете што вели неговиот адвокат!

Најчитани вести

Раперот Буба Корели е осуден на година дена затвор поради неовластено произведување и ставање во промет опојни дроги.

Амар Хоџиќ или познат како Буба Корели бил во притвор од јуни 2015 до фебруари 2016 година поради истиот случај и казната ќе му биде намалена колку што поминал време во притвор.

Како што пишува „Блиц“, Корели има право на жалба во рок од 15 дена, а тоа го потврди и неговиот адвокат Златко Ибришимовиќ.

– Точно е, но таа жалба нема да биде искористена за тоа што е признаета кривицата. Тоа е предмет кој од 2014/2015 година, тоа е стар предмет – рекол адвокатот на Буба, а на прашањето дали во казната ќе бидат пресметани и осумтте месеци во притвор, тој кажал:

– Така е. Тие осум месеци ќе се сметаат и во тој случај остануваат само тие четири месеци. Според нашето кривично право, постои можност личноста која е осудена до година дена да може да ја плати казната. Јас претпоставувам дека таа можност ќе биде искористена. Не знам колку е точниот износ. Ка нас еден ден е околу 100 марки, односно 50 евра – изјавил адвокатот на буба./slobodenpecat.mk

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести