Италијанскиот стратег Маурицио Сари од пред неколку денови е нов тренер на Јувентус, каде пристигна по разделбата со Челси.
Но, очигледно Сари брзо ја заборави работата во тимот од Лондон, па со последните коментари веќе и отворено ги лути навивачите на Челси. И покрај тоа што коментарот е реален…
„Имав голема среќа што го тренирав Челси, но да бидеме искрени Јувентус е нешто сосема друго. Во Јувентус постои приказна која е долга 100 години, додека во Челси е нешто недораснато што трае само 20 години“ – истакна Сари.
Сари со „Старата дама“ потпиша тригодишен договор кој за Торино ќе го врзе до летото 2022 година. Примарна негова задача ќе биде да ја освои Лигата на шампионите.