7.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Брус Вилис и Деми Мур беа златен пар во Холивуд, а вака изгледаат нивните три ќерки

Најчитани вести

Брус Вилис и Деми Мур беа златни пар во Холивуд. Додека Вилис беше идол на мажите, Мур со децении важи за една од најпосакуваните жени.

Парот има три ќерки: Румер, Скаут Лара и Талул Бел. Медиумите често пишуваат дека нивните наследнички личат на холивудскиот пар.

Деми и Брус се венчаа во 1987 година. Тогаш, Брус имаше 32 години и на него тоа му беше прв брка, додека Деми Мур зад себе имаше веќе еден развод. Додека беа во брак добија три ќерки: Румер, Скаут Лара и Талула Бел. Двајцата своите ќерки ги носеа на филмските снимања, а често ги вклучуваа и во самите снимања

Така, Румер се појави во филмот „Некогаш и сега“, а на осум години се појави во филмот „Стриптизета“. Скаут и Талула првпат во филм се појавија на своите 4 и 1 година.

И покрај тоа што трите ќерки активно се занимаваа со глума, парот одлучи да ги одгледува далеку од Холивуд.

Сите три девојчиња веќе пораснаа и повеќе не живеат со нивните родители, но често ја следат нивната мајка на промоции на нејзините нови книги.

И покрај тоа што парот се разведе во 2000година, целото семејство и понатаму заедно се појавува на црвениот килим.

Нивната најстара ќерка, Румер Вилсон (31) зад себе има десетина филмови и мјузикли, вклучувајќи го и последниот филм на Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“.

Скаут активно се занимава со општествено-корисна работа, со пеење и со мода. Многумина велат дека личи на татко и.

Талула се занимава со илустрација. Во 2016 година лансирала сопствена линија на облека, наречена по нејзиниот прекар од детството, Бууски. Линијата се состои од маици и џемпери со нејзини илустрации.

Брус повторно се ожени и со сопругата Ема има две ќерки.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com