7 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Бруно Фернандеш е големата желба на Солскјер

Најчитани вести

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, го одреди Бруно Фернандеш, фудбалерот на Спортинг Лисабон и соиграч на Стефан Ристовски, како една од најголемите трансферни желби за претстојниот преоден рок. Играчот за врска на португалскиот клуб треба да биде замена за Французинот Пол Погба, за кого е се поизвесно дека ќе замине од „Олд Трафорд“.

Раководството на англискиот премиерлигаш би платило 70 милиони евра за трансферот на Бруно Фернандеш. За него постои интерес и од европскиот првак Ливерпул, како и од вицепрвакот Тотенхем.

Бруно Фернандеш одигра 53 натпревари за Спортинг Лисабон и постигна 32 гола, а забележа и 18 асистенции.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести