-5.2 C
Skopje
Monday, January 24, 2022

Бројот на склучени бракови зголемен за 140,8 отсто, природниот прираст негативен

Најчитани вести

Во второто тримесечје од 2021 година се родиле 4 604 бебиња што е четири проценти помалку во споредба со истиот период лани.

Бројот на умрените лица, пак, во второто тримесечје од 2021 година бележи зголемување од 40,2 отсто и изнесува 7 496 лица, Од починатите, 13 биле доенчиња.

Според Државниот завод за статистика, природниот прираст е негативен и изнесува -2 892, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 140,8 отсто во споредба со истиот период од 2020 година и изнесува 2 769 бракови. Во ова тримесечје се добиени 501 извештај за разведените бракови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com