14.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Бројот на новозаразени со Ковид-19 во светот, за една недела скокна за 12 проценти, експертите загрижени

Најчитани вести

Повеќе од 3,4 милиони случаи на коронавирус и 56.000 смртни случаи се регистрирани ширум светот минатата недела, соопшти Светската здравствена организација во неделниот билтен објавен рано утрово во Женева. Бројките според експертите претставуваат зголемување за 12 проценти во споредба со претходната недела.

„Вкупниот број на новозаразени случаи за периодот од 12 до 18 јули е 3,4 милиони, што е зголемување за 12 проценти во споредба со минатата недела“ , наведе СЗО.

Починаа 56.000 пациенти, што е зголемување за еден процент во споредба со минатата недела, се додава во извештајот, пренесуваат агенциите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести