17.3 C
Skopje
Wednesday, May 12, 2021

Бројот на загинати во невремето во Непал се зголеми на 55 лица

Најчитани вести

Бројот на загинати во Непал во разорните поплави и лизгање на земјиштето во последните три дена се зголеми на 55, додека десетици луѓе се повредени и се водат за исчезнати, а илјадници се принудени да ги напуштат своите домови, соопштија властите во Непал.

Десетици илјади луѓе се евакуирани од своите села откако обилните монсунски дождови во последните денови предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави низ Непал.

Портпаролот на Владата во Непал, Гокул Банскота изјави дека „невремето причинило и големи економски штети“, за што ќе се направат дополнителни проценки.

И северноисточната индиска држава Ашам е погодена од силни поплави предизвикани од монсунските дождови, кои присилија најмалку 1,5 милиони луѓе да ги напуштат своите домови.

Во соседен Читагонг во Бангладеш евидентирани се десет мртви, речиси половина милион се евакуирани, а најмалку 20 села се поплавени, пренесува Ал Џезира Балкан.

Сезоната на монсуни во Непал, што трае од јули до септември, секоја година предизвикува катастрофални лизгања на земјиштето и поплави, при што страдаат стотици лица.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести