Бројот на активни случаи на корона вирус денеска се спушти под 10.000, а само денеска се регистрирани 1.731 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90654, бројката на оздравени пациенти е 78154, на починати е 2785, а бројот на активни случаи изнесува 9715.
-Денеска бројот на активни случаи падна под 10.000. Ви благодариме што ги почитувате мерки, остануваме посветени на вашето здравје, порача Филипче на Фејсбук.