10.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Бродвеј отворен по една и пол година: Овации и солзи на најголемата театарска сцена

Најчитани вести

Синоќа, по една и пол година пауза, повторно почнаа да се играат претстави на Бродвеј. Ова е најдолгата пауза во историјата на најпопуларната театарска сцена на светот. Театарската сезона во Њујорк почна со огромни овации, со многу солзи и публика под маски.

„Театарот се врати. Имаше многу прегратки и солзи ова лето откако сценските семејства се повторно заедно“, пишува „Њујорк тајмс“.

На репертоарот повторно се едни од најгледаните мјузикли како „Кралот лав“, „Злобна“, „Хамилтон“ и „Чикаго“, кои престанаа да се прикажуваат поради пандемијата. На сцената ќе се вратат и сите претстави што беа на репертоарот на Бродвеј пред затворањето на театрите.

Љубителите на театарот ќе можат да ги следат преставите само ако се вакцинирани и носат маски. Тоа може да биде пречка да се наполнат салите во текот на сезоната, особено што ни туристите не се вратени во градот.

„Никој не знае како долгиот период без театар може да влијае на навиките за посета на театар“, велат од театрите.

Отворањето на Бродвеј е прво од многуте, па во следните денови се очекува да се отворат и Метрополитен операта, Њујоршката филхармонија, Балетот на град Њујорк, Карнеги хол и Музичката академија Бруклин.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com