14.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

Брнз: Инвестиравме многу во борбата против корупцијата кај вас, сакаме да видиме резултат

Најчитани вести

Амбасадорката на САД, Кејт Брнз, предупреди денес дека транспарентен судски систем во кој нема корупција е основно човеково право и дека непотребниот притисок врз нашите судии, неадекватното финансирање на судството и недоволната бројност на тие што ја спроведуваат правдата во Македонија може да бидат индикатори за корупција во нашата држава.

-Корупцијата има многу форми – не секогаш таа се сведува на стереотипот за земање мито во плико и не секогаш се случува на високите нивоа на власта. Слушаме пречесто од бизнисите овде во Северна Македонијас дека едноставни процеси, како добивање дозвола, е речиси невозможно да ги управуваат, бидејќите јавните службеници на првата линија очекуваат награда како возврат за тоа што си ја вршеле нивната работа. Знаеме исто така дека граѓаните некогаш немаат пристап дури ни до нивните сопствени граѓански евиденции без да платат нешто екстра. Ова е корупција, таа е погрешна и штетна. Таа не се појавува на насловните страници во медиумите но го попречува пристапот и инвестициите, така што тоа мора да се смени“, рече Брнз.

Генерално таа оцени дека има напредок во транспарентноста и одговорноста во Македонија и дека тоа се гледа од фактот дека е 24 места погоре на листата на Транспаренси интернешенел, но се уште има значајна работа за завршување. Потоа порача дека „САД инвестирале многу во судскиот систем на Македонија за да дозволат вакви ранливи празнини“ и дека сакаат да видат таа нивна инвестиција во борбата против корупцијата да даде резултати. Таа го истакна ангажманот на министерката Славица Грковска за долгорочна промена на системот на добро владеење, но нагласи дека за да станат реални тие промени треба да има политичка волја низ партиските линии и во коалициите.

Зборувајќи поопшто, таа рече дека толку често се слушаме зборот корупција што веќе стравува дека ќе го загуби и значењето. Според неа од корупцијата има долгорочни последици што ги ограничуваат шансите за успех на една земја и затоа мора да се бориме против неа. Граѓаните, оцени таа, чувствуваат дека не можат да успеат во нивниот систем заради корумпирани административци или коруптивни практики, а тоа ја нагризува суштината на општеството.

Брнз се обрати на конференцијата во организација на Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Лидерството за развој и интегритет во Југоисточна Европа (SELDI). На истата конференција Марко Трошански од „Социетас цивилис“ рече дека има има намерна системска недоекипираност на институциите што треба да се борат против корупцијата и дека, без оглед што има задоволувачка законска рамка, многу малку се постигнува. Според негова оценка корупцијата станува клучно безбедносно прашање, па нагласи дека 30 милијарди евра фондови што ЕУ ќе ги намени за Западен Балкан ќе им бидат дадени на располагање на сите земји, а ништо од ова не е услов за нивно добивање.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com