Home » Брнабиќ ја откажа средбата со сенаторите од САД

Брнабиќ ја откажа средбата со сенаторите од САД

by Журнал.мк

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ ја откажа средбата со група сенатори од Соединетите Американски Држави која беше планирана за утре во 11 часот, соопшти вечерва српската влада.

„Средбата на премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ, со група сенатори од Соединетите Американски Држави, која беше планирана за утре, 25 мај во 11 часот, се откажува“, се наведува во соопштението на Владата, без да се образложат причините за откажувањето.

Сенаторите од САД Крис Марфи и Гери Питерс се во посета на Белград, а утре претпладне ќе бидат примени од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More