23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Брнабиќ: Со С. Македонија се договорени 8.000 вакцини, но Фајзер не е регистрирана во државата

Најчитани вести

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ на гостувањето во емисијата „Добро утро Србија“, Хепи ТВ, зборуваше за теми кои се од интерес на сите граѓани.

Премиерката објасни дека Вучиќ одлучил да и помогне на Македонија со 8000 вакциниа на Фајзер, меѓутоа и дека би можело да има проблем со оглед на тоа дека во државата не е регистрирана таа вакцина.

– Имаме договор, разговараа премиерот на С. Македонија, Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ. Вучиќ одлучи да им помогне со 8.000 вакцини. Ние помагаме да се регистрираат вакцините „Фајзер“ во Северна Македонија. Работиме со нив. Проблемот може да биде во тоа што тие примаат вакцини „Фајзер“, но не се регистрирани. Поентата не е само да се дојде и да се купи вакцината, има многу повеќе работи во позадина. Регистрација од соодветната агенција, план за вакцинација. Ние сме една од ретките земји кои имаат адекватен информативен систем. Нашите граѓани знаат да аплицираат за вакцината, сè е транспарентно. Слушнав приказни од луѓе од други земји каде велат дека не знаат како да се пријават, кои им се приоритетни групи, кажа Брнабиќ.

– Утрово околу 9 часот ја поминавме бројката од 50 илјади вакцинирани, додаде премиерката.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести