29.8 C
Skopje
Thursday, July 7, 2022

Брнабиќ: Референдумот е апсолутно легитимен

Најчитани вести

Легитимитетот на референдумот за промени во областа на правосудството не се доведува во прашање, кажа српската премиерка Ана Брнабиќ, наведувајќи дека повеќето граѓани ги поддржале промените.

„Сериозно мнозинство луѓе беа за, повеќе од 60 отсто, околу 400 илјади луѓе кои гласаа „да“, а не против. Тоа е големо нешто, се боревме за ова“, кажа Брнабиќ одговарајќи на новинарски прашања.

Таа, пренесува Танјуг, потсети дека промената на уставот долго се подготвувала и успехот на референдумот го окарактеризира како победа.

На прашањето за излезноста, Брнабиќ кажа дека главните фактори кои влијаеле врз намалениот број граѓани кои гласале се моменталната епидемиолошка состојба и повикот на одделни политички актери на бојкот на референдумот.

„Но и незаинтересираноста на дел на граѓаните за прашањето за промена на уставот во делот на правосудството“, кажа Брнабиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com