-6.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Брнабиќ за пожарот во Тетово: Граѓаните на Србија се со вас во овие тешки моменти

Најчитани вести

Српската премиерка Ана Брнабиќ изрази сочувство за починатите во пожарот во тетовската ковид-болница.

-Со голема болка ја примивме веста за трагедијата што ја погоди вашата земја. Ова е многу тажен ден и граѓаните на Србија се со вас во овие тешки моменти. Во име на Владата на Република Србија и во мое лично име, упатувам најискрено сочувство до семејствата на жртвите и до граѓаните на Северна Македонија, објави Брнабиќ на Твитер.

И претседателот на Србија, Александар Вучиќ, упати сочувство по пожарот што избувна синоќа во ковид-болницата во Тетово.

„Ја споделуваме огромната болка со народот во Северна Македонија, подготвени да пружиме секаква братска помош. Во мое лично име и во име на граѓаните на Србија, изразувам сочувство до семејствата на жртвите и граѓаните на Северна Македонија, а на повредените брзо опоравување“, напиша Вучиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com