23.8 C
Skopje
Saturday, May 21, 2022

Брнабиќ: Животот на Вучиќ е загрозен поради неговата борба за владеење на правото, против мафијата и организираниот криминал

Најчитани вести

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ кажа во Брисел, одговарајќи на новинарско прашање за подготовката на атентат на претседателот Александар Вучиќ, дека Србија е безбедна земја, дека за тоа сведочи и фактот што тие информации се добиени од Европол и дека Србија ги исполнува сите стандарди во борбата против тероризмот.

„Србија е просперитетна земја, во која Претседателот се бори да постојат силни институции, никој да не може да ја уценува владата и државните институции. Неговиот живот е загрозен бидејќи се бореше за владеење на правото и затоа што почна борба против мафијата и организираниот криминал“, кажа Брнабиќ.

Оцени дека Србија не би била безбедна да не постои соработката со службите низ светот.

„Апсолутно сме безбедна земја, токму поради меѓународната соработка. Само така сме безбедни“, кажа таа.

Додаде и дека референдумот за уставните промени го истуркала Српската напредна партија.

„Не добивме поддршка за тоа од цивилното општество, кое секојдневно зборува дека се бори за независно судство, а кога дојде денот да кажеме „да“, тие кажаа „не““, кажа Брнабиќ.

Кажа дека копањето литиум не била тема денес во Брисел.

„Зборувавме за зелената агенда, литиумот не беше на дневниот ред. копањето литиум ќе биде дел од пошироката национална агенда, ние ќе го слушаме народот, ќе ги викнеме сите експерти, ќе ги прашаме што мислат и како да ги користиме богатствата кои ни ги дала природата“, кажа српската премиерка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com