23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Брнабиќ: Во Србија нема интерес за „АстраЗенека“, ќе требаше да ги фрлиме вакцините

Најчитани вести

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ признава дека немало политика, но не бил ни само гест на солидарност и алтруизам во прашање зошто беа поканети граѓани од соседните земји да се вакцинираат викендов.

„Во Србија нема доволно интерес за вакцината на „АстраЗенека“, а рокот истекува во април, рече премиерката како што пренесе N1.

„Проценивме дека ќе ни останат околу 20-25 илјади вакцини, кои за жал ќе мора да ги уништиме и сакавме да поканиме луѓе од регионот да се вакцинираат“, рече Брнабиќ.

Но, познатиот епидемиолог Зоран Радовановиќ смета дека бил создаден „непотребен ризик за оние луѓе кои патуваат, тие се изложени на заразување, а и за нас, бидејќи масата луѓе што дојде, од кои некои се сигурно заразени, претставуваат дополнителен ризик за нас“.

Епидемиологот вели дека требало да се води грижа за тоа пред да се набават 15 милиони вакцини, а според пресметките, идеалот за Србија бил три милиони.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести