-9.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Брнабиќ: Блокадите во Србија се противуставни и немаат врска со животната средина

Најчитани вести

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека не знае зошто граѓаните ги блокирале сообраќајниците ширум Србија, но, како што вели, сигурна е дека тоа не се случува поради животната средина. Таа додава дека барањата што ги упатија демонстрантите за повлекување на Законот за референдум немаат никаква врска со животната средина, пренесува српската агенција Бета.

-Да протестираа поради животната средина, тие луѓе ќе имаа поинаков однос кон животната средина. Не би гледале расфрлено ѓубре по автопатите, не би гледале палење контејнери, не би гледале факли и оној црн чад што излегува од нив ако толку им значи животната средина, изјави Брнабиќ.

Српската премиерка додава дека на улиците да излегле и еден милион луѓе, тие не би можеле од неа да бараат да постапи спротивно на Уставот, и тоа го оцени како анархија, а не владеење на правото.

Брнабиќ оцени дека компанијата „Рио Тинто“ не искомуницирала најдобро со мештаните на долината Јадар каде што би требало да се гради рудникот за ископување литиум и дека не им ги дала потребните информации.
Српската влада од вчера почнала да работи на измените за Законот за експропријација, кои ги побарал претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com