Пејачката Бритни Спирс (41 )се омажи за долгогодишното, 11 години помладо момче, Сем Ашгари. Интимната церемонија се одржа во четвртокот во Лос Анџелес во нејзиниот дом во Лос Анџелес, а присуствуваа околу 60 најблиски пријатели на парот и дел од семејството.
Меѓу гостите беа познати личности – Мадона, Донатела Версаче, Парис Хилтон, Селена Гомез и Дру Баримор.
Бритни облече прекрасна венчанива од познатата модна куќа „Версаче“, а до олтарот прошета со звуците на легендарниот хит на Елвис Присли „Can’t Help Falling in Love“, пишуваат странските медиуми.
Бритни се одлучила за класичен модел кој ја следи линијата на телото, со длабоко деколте, висок изрез на нозете и 4,5 метри вел. Уште еден детаљ бил забележлив – кратките проѕирни ракавици.
Судејќи според фотографиите, пејачката блескала од среќа.
Нејзините синови Шон Престон и Џејден Џејмс не присуствуваа на венчавката, а оваа вест пред венчавката ја потврди адвокатот на нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн, Марк Винсент Каплан.
„Момчињата нема да присуствуваат на венчавката. Тие мислат дека фокусот треба да биде на Бритни и Сем и се многу среќни поради неа“, изјавил Каплан.
Пред свадбата, парот се подготвуваше за големиот ден. Папараците снимија огромен шатор во куќата на Бритни и свадбени украси. Кевин преку адвокат изјави дека на Бритни ѝ го посакува само најдоброто и дека ова е позитивен чекор во нејзиниот живот.
Спирс пред венчавката им се обрати и на следбениците на Инстаграм од луксузното возило.
„Во ред, ова е вторпат кога сум во „Ролс Ројс“. Навистина сум возбудена. Има ѕвезди на таванот, тука се и многу мали чаши за шампањско што никогаш досега не сум видела“, рекла Бритни додека Сем се смеел во позадина.

Како што претходно напиша порталот „Пејџ сикс“, Бритни не ги поканила на свадбата своите родители Џејми и Лин Спирс, ниту сестрата Џејми Лин.
Сем и Бритни се во врска од 2016 година, а запросувањето се случи во септември минатата година. На Бритни ова ѝ е трет брак, а претходно беше во брак со Џејсон Александар и Кевин Федерлајн.