13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Бритни Спирс обвинета за физички напад врз вработена

Најчитани вести

Поп-пејачката Бритни Спирс е под истрага од полицијата во Округот Вентура, поради сомение дека физички нападнала вработена во својот дом.https://credissimo.mk/affiliate/call-me?utm_source=info

„Во понеделникот, околу 10:25 часот, имало расправија помеѓу г-ѓа Спирс и една од нејзините вработени, во домот на обвинетата. Член на персоналот пријави дека за време на расправијата, г-ѓа Спирс ја удрила вработената. При настанот нема повредени. Полицијата реагираше во домот на обвинетата и спроведе истрага. На крајот, извештаите ќе бидат проследени до Канцеларијата на окружниот обвинител во Округот Вентура за да се разгледаат. Инцидентот е класифициран како едноставен прекршок”, соопштија властите.

Близок извор близок до пејачката ја оцени состојбата како медиумска „напумпана таблоидна приказна”. Според неговите изјави, немало физичка пресметка и никој не бил повреден.

За потсетување, Спирс сѐ уште се бори и за судско ослободување од посебниот надзор на татко ѝ, со рочиште закажано за крајот на идниот месец. Минатата недела странските медиуми пренесоа дека нејзиниот татко Џејми Спирс се согласил веќе да не биде нејзин старател.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com