Поп ѕвездата Бритни Спирс неодамна ги потврди шпекулациите дека е бремена, а сега ги изненади своите следбеници со фотографии во целосно голо издание.
Пејачката ги објави сликите на Инстаграм, со рацете ги покрила градите, а на долните интимни делови ставила емотикон со срце.
„Фотографии од моето последно патување во Мексико, пред да се зачне бебето “, напишала таа под објавата.
А, потоа се запрашала: „По ѓаволите, зошто изгледам десет години помладо на патувањата?“
Но, никому не му е јасно што сакала да постигне со овие објави на Инстаграм, откако објави дека е бремена и ќе се мажи за Сем Асгари.
Сепак, фановите ја потсетија дека не им дава добар пример на тинејџерите кои многу лесно можат да ги видат нејзините „експлицитни“ објави на Инстаграм.