9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Бритни Спирс, конечно слободна: По долги 13 години судот го укина старателството

Најчитани вести

Пејачката Бритни Спирс е конечно ослободена од стегите на старателството од нејзиниот татко, кој 13 години го контролираше нејзиниот живот.

Во тричасовно сослушување судијката Пени од судот во Лос Анџелес ја повлече дозволата Џејми Спирс да го надгледува имотот на Бритни вреден 60 миниони долари, закажувајќи датум во ноември за дополнително сослушување на кое ќе се разгледува целосно укинување.

Одлуката беше донесена по итна постапка и стапува на сила веднаш, откако беше разоткриено во каква неподнослива и манипулативна околина се наоѓа пејачката.

„Моменталната ситуација не е поднослива. Ова рефлектира токсична околина која бара итно суспендирање на Џејми Спирс, ефективно од денес“, изјави судијката Пени.

Иако не беше лично присутна на сослушувањето, Бритни ја прослави оваа „победа“ со објава на видео на нејзиниот инстаграм профил, на кое таа седи на копилотското седиште во мал авион и ја превзема контролата на летот од пилотот, како што ќе може да направи и со сопствениот живот.

„На облак бр.9 во моментов!!!! За прв пат летам авион и прв пат во проп авион!!! Леле колку бев преплашена!!! Псссс го носам бродот дома…“, напиша Бритни во објавата која изобилуваше со среќни „емоџи“ знакови.

Бритни во јуни ги засили напорите за да се ослободи од контролата која нејзиниот татко ја има врз неа од 2008 година. Според неа, неговиот пристап бил нападен, токсичен и суров, а тоа го поткрепија и информациите кои се пласирани во трите документарни филмови за Бритни.

Неодамна документарецот на „New York Times“ објави дека Џејми Спирс најмил фирма за обезбедување на имот која тајно и без дозвола ги контролирала телефонот и пребарувачот на Бритни, ги снимала разговорите во нејзината спална соба и ги надгледувала фановите кои протестирале во движењето #FreeBritney пред нејзината куќа.

Иронично, но од скоро Џејми Спирс започна агресивно да се бори да биде отстранет од улогата, па дури и самиот побара старателството да биде целосно укинато – потег кој за адвокатот на Бритни, Розенгард, делува како обид „да избегне преземање одговорност и правда“.

Новиот вереник на Бритни, фитнес тренерот Сем Асгари објави црно-бела графичка фотографија од лавица, со која ја спореди силата на Бритни со која таа успеа да ја извојува оваа битка.

„Слободна Бритни! Честитки!!!“ објави вереникот Асгари на неговиот инстаграм профил по сослушувањето.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com