Home » Бритни Спирс бара правда, тврди дека родителите ја дрогирале

Бритни Спирс бара правда, тврди дека родителите ја дрогирале

by Журнал.мк

Бритни Спирс рече дека додека 13 години била под старателство на нејзиниот татко, Џејми Спирс, тој ја дрогирал. Сега вели дека сака да го сподели своето искуство со јавноста и правдата да излезе на виделина.

На социјалните мрежи каде ја следат повеќе од 40 милиони фанови таа постојано ги споделува своите чувства, а неодамна во една од своите објави која ја избриша ги нападна сите оние кои и предизвикуваа маки и ѝ посакаа да пати.

„На овој свет очигледно е во ред да ја заклучите својата ќерка ѝ да ја натерате да работи седум дена во неделата, 10 часа на ден без ниту еден слободен ден. Немав право на приватност, ме гледаа кога се пресоблекував, ме дрогираа, не смеев да зборувам. Морав постојано да им бидам на располагање на лекарите, а ако не стигнев на време, морав да останам подолго“, рече Бритни.

„Никогаш не ми кажаа кога можам да си заминам. Морав да си легнувам секоја вечер во 21 часот. Сето тоа ми се случуваше цели четири месеци за време на мојот 13-годишен притвор. Давав сè од себе и работев, за на крајот да бидам одбивана. Не им значев ништо на моето семејство, им бев марионета која мораше постојано да работи и да глуми на сцената за да биде сè  во ред. Најлошо од се е фактот што сето тоа беше прифатено од јавноста, од публиката која најмногу ја сакав“, дополни Бритни.

Пејачката рече дека не е во ред тоа што луѓето кои и наштетиле потоа се извлекле, а на своите фанви им порачала дека не се сами ако се плашат за нивниот живот:

„Мислам дека по 13 години затвор, е време да одам на одмор, бидејќи никој никогаш не треба да се однесува како мене. Бев деморализирана и засрамена. Никој не треба да го доживее тоа што јас го доживеав. Причината поради која го велам ова е дека прекинувањето на притворот е голема работа, но, остана само на тоа. Сите се извлекоа. Во шок сум. Ако и на вас четири месеци постојано ви се закануваат и вие би се нервирале. Но, нема да престанам да се борам. Сакам правда и нема да престанам сè додека не се превземе нешто со оние луѓе кои ми нанесоа голема штета, бидејќи сега сум многу повредена. Ова е порака до сите кои се плашат за своите животи. Не сте сами“, рече Бритни.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk