Home » Бритни го декативираше профилот на Инстаграм

Бритни го декативираше профилот на Инстаграм

by Журнал.мк

„Извинете, страницата моментално е недостапна“, ваква пораката ги поздрави сите фанови кои сакаа да видат што прави пејачката Бритни Спирс на социјалната мрежа Инстаграм.

Таа повторно го деактивираше профилот на Инстаграм откако го осуди своето семејство за наводниот третман кон неа и рече дека никогаш не го поканила нејзиниот постар брат Брајан Спирс на нејзината неодамнешна венчавка со Сем Асгари.

Ова не е прв пат таа да го декативира својот профил на Инстаграм, бидејќи истото го направи уште во март по објавите за животот во изминатите 13 години додека нејзиниот татко го имаше старателството над неа.

Непосредно пред нејзиното претходно деактивирање на Инстаграм, таа се пожали дека нејзините синови Шон Престон и Џејден Џејмс повеќе не им требаат и и забранија да ги покажува нивните неодамнешни слики, но истакна дека ги почитува нивните желби.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk