Британското Министерство за одбрана во најновото соопштение известува дека руската офанзива во Украина е запрена на сите фронтови, пренесува Би-би-си.
Во соопштението се додава дека руските сили „постигнале минимален напредок на копно, море или воздух во последните денови и продолжуваат да трпат големи загуби“.
– Украинскиот отпор останува упорен и добро координиран. Огромното мнозинство на украинска територија, вклучително и сите поголеми градови, останува во украински раце, додаде тој.
Украинската војска вели дека напорите на Русија сега се префрлени на воздушни напади, бомбардирање и гранатирање цивили бидејќи тие не успеале во нивните копнени операции.
Москва еднаш досега го објави бројот на своите жртви. Тоа беше минатата недела и тогаш зборуваа за околу 500 загинати војници во нивните редови.
Украина, пак, тврди дека досега убила речиси 13.000 руски војници.
Соединетите држави објавија проценка минатата недела, а таа бројка беше околу 7.000 жртви од руска страна.