17.8 C
Skopje
Thursday, August 18, 2022

Британски седан без шарм и харизма: Прогласен најздодевниот автомобил на сите времиња

Најчитани вести

Светот е полн со здодевни автомобили, но некои се поздодевни од останатите.

„Hagerty“, еден од најголемите експерти за класични автомобили, врз основа на голем број параметри открил кој е најздодевниот автомобил на сите времиња.

„Hagerty“ е најголемата светска компанија кога станува збор за вреднување на класичните автомобили. Таа е организатор и на Фестивалот на необичното: изложба на класични возила на кои се добредојдени само здодевните и секојдневни автомобили, а истиот оваа година по 7-ми пат ќе се одржи во Велика Британија.

Во првите 10 најздодевни модели на сите времиња секогаш е голем бројот на автомобили од британската марка „Austin“. Со цел да дознае кој е најздодевниот автомобил на сите времиња, компанијата ги анализирала учесниците и победниците на фестивалот од претходните години.

Иако беж и кафеавата боја се поврзуваат со здодевни и неугледни автомобили, „Hagerty“ открил дека сината е најчеста боја на возила кои во минатото биле прогласувани за најгрди.

Според оваа анализа, најздодевниот автомобил на сите времиња е британскиот седан „Austin Montego“ од 1989 година. Покрај неинтересниот дизајн, автомобилот и често се расипувал…

Лимузината која се продаваше во 80-те и 90-те години, ја произведуваше „British Leyland“ од 1984 до 1988 година, а потоа и „Rover Group“ до 1995 година. Продадени се вкупно 436.000 примероци, но истите не траеле долго бидејќи според британските податоци, во 2020 година останале регистрирани само 34 примероци. Тоа практично значи дека за четвртина век „згаснале“ дури 99,98 отсто од сите произведени возила.

Но, судејќи по видеата од тој период, произведувачот воопшто не би се сложил со наведените тврдења, со оглед на фактот дека овој седан се рекламирал како возбудливо и совршено возило:

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com