Home » Британските медиуми пишуваат: Еве колку пари би добила Меган Маркл доколку се разведе од принцот Хари

Британските медиуми пишуваат: Еве колку пари би добила Меган Маркл доколку се разведе од принцот Хари

by Lina Muslija

Меган Маркл и принцот Хари наводно размислуваат за разделба по неуспехот на неколку нивни проекти. Од смртта на кралицата Елизабета Втора тие не можат да заработат многу пари од нивните проекти.

Со оглед на се почестите гласини за разделба, британските медиуми почнаа да шпекулираат за економскиот договор за Меган, а се шпекулира дека има и предбрачен договор.

Според предбрачниот договор, Меган би добила 80 милиони евра за издржување на нивните деца Лилибет и Арчи, објави Дејли мејл.

Наводно односот меѓу сопружниците се влошил по пандемијата во 2020 и 2021 година поради финансиски проблеми, деловни неуспеси и економската рецесија, но и поради смртта на бабата и дедото на Хари, принцот Филип и кралицата Елизабета Втора, што го спречило парот да постигне успех во деловните проекти.

Според страницата Podnews, тие добиле потврда од повеќе извори дека некои од интервјуата на Меган Маркл се лажни, т.е. дека не биле водени од неа, туку од нејзиниот персонал и дека нејзиниот глас кој поставува прашања бил додаден подоцна.

Во средината на јули, двојката го загуби договорот вреден 20 милиони долари со Spotify откако подкастот на Меган не генерираше доволно приходи за да се обнови за втора сезона.

Нивниот документарен филм „Хари и Меган“, кој ја следи љубовната приказна на парот поради медиумско вознемирување, не доби номинација за Еми.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More