20.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Британскиот парламент неочекувано ја усвои програмата на Џонсон

Најчитани вести

Британскиот парламент синоќа ја усвои програмата на владата на премиерот Борис Џонсон, што се оценува како ненадејна победа за конзервативниот премиер, една недела пред закажувањето на брегзит.

Пратениците со 310 гласови „за“ и 294 „против“ ја усвоија програмата за владата, која официјално беше претставена на 14 октомври од кралицата Елизабета Втора.

Парламентот ја усвои програмата неколку минути откако Џонсон предложи предвремени избори на 12 декември, но потребна е согласност од опозицијата за организирање на тие избори.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com