10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Британскиот министер за здравство се пожали на неоправдано високите цени на ПЦР тестовите во земјата

Најчитани вести

– Британската агенција за конкуренција денеска соопшти дека ќе ги испита цените на тестовите за Ковид-19 воведени од владата за патниците, откако министерот за здравство Саџид Џавид се пожали дека скапите тестови спречуваат одредени луѓе да одат на одмор.

ПЦР тестовите,што се неопходни за повеќето патници, чинат во просек околу 75 фунти, што е 300 фунти за четиричлено семејство, но многу компании наплатуваат значително повеќе. Цените што ги наведенуваат фирмите што се на листата на официјалниот сајт на британската Влада се движат од 17 до 250 фунти.

Џавид вчера кажа дека побарал од Агенцијата за заштита на конкуренцијата и пазарот да ја сузбие „неоправданата пазарна пракса“.

„Луѓето треба да можат да одат на одмор, или да го видат своето семејство или само да се релаксираат, без страв од прекумерни трошоци за ПЦР тестови“, напиша министерот за здравство на Твитер.

Агенцијата има овластување директно да интервенира кога ќе открие неправилности, но може и директно да ги советува министрите со цел побрзо преземање соодветни мерки.

„Се радуваме штро на државниот секретар ќе му дадеме совет како да им обезбеди на патниците прифатливи и сигурни тестови“, наведе агенцијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com