6 C
Skopje
Sunday, May 9, 2021

Британскиот вид ќе стане доминантен и во Македонија

Најчитани вести

Откако новиот британски вид на корона вирусот беше дијагностициран во Македонија, лекарите очекуваат во наредниот период тој да стане доминантна мутација во земјава. Во последните 24 часа се регистрирани 385 нови случаи од спроведени 1964 тестови што значи дека позитивни биле 19,6% од тестираните.

Висок е и бројот на починати. Починале вкупно 10 лица. Пет пациенти од Скопје и по еден од Кавадарци, Гостивар, Кочани, Охрид и Прилеп.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91891, бројката на оздравени пациенти е 80393, на починати е 2831, а бројот на активни случаи изнесува 8667.

Во светски рамки дијагностицирани се над 102 милиони случаи, а регистрирани се над 2,2 милиони починати пациенти.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести