21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Британија ќе ги повлече речиси сите свои трупи од Авганистан

Најчитани вести

Велика Британија ќе ги повлече речиси сите свои војници од Авганистан откако американскиот претседател Џо Бајден објави дека ќе ги повлече американските сили до 11 септември 2021 година, објави весникот „Тајмс“.

Велика Британија разработи планови за предавање на контролата врз академијата во Кабул на авганистанската влада, каде нејзините единици помагаат во обука на авганистански војници, наведува весникот.

Во Авганистан има околу 750 британски војници кои, според извори, ќе имаат потешкотии по повлекувањето на американската поддршка поради нивната зависност од американските бази и инфраструктура, додава „Тајмс“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести