Во телефонскиот разговор во неделата, четворицата лидери, исто така, ја повторија својата поддршка за украина против руската инвазија. Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на нуклеарна централа под контрола на Русија, што ги зголемува стравувањата од катастрофа.
Во меѓувреме, претседателот Володимир Зеленски ги повика Украинците да бидат внимателни пред прославите на денот на независноста. „Русија може да се обиде да направи нешто особено одвратно, особено сурово“, рече тој во обраќањето викендов. „Една од клучните цели на непријателот е да не понижи“, додаде тој, но „мора да бидеме доволно силни за да се спротивставиме на секоја провокација“, рече Зеленски. Денот на независноста на Украина во среда, 24 август, ќе одбележи и шест месеци откако Русија ја нападна Украина.