15.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Британија пријави повеќе од 10.000 новозаразени во еден ден, главно од невакцинираните

Најчитани вести

Велика Британија забележа повеќе од 10.000 новозаразени со коронавирусот во еден ден, првпат по скоро четири месеци, веројатно како резултат на ширењето на позаразниот делта-сој.

Владата денес пријави 11.007 новозаболени лица, што е најголем дневен број од 19 февруари досега.

Научниците проценуваат дека новиот делта-сој на вирусот, кој сочинува 95% од сите нови случаи во Велика Британија, е помеѓу 40 и 80 отсто позаразен од претходниот доминантен вид.

Ширењето на оваа варијанта ги наруши плановите за следната недела за укинување на сите ограничувања на социјалните контакти, и наместо тоа британскиот премиер Борис Џонсон го одложи натамошното олеснување на мерките за еден месец, до 19 јули.

Повеќето од новозаразените се меѓу помладите луѓе што сè уште не се вакцинирани. Британците, кои ги вакцинираат луѓето постепено по возрасни групи, од петокот ја шират вакцината на сите над 18 години.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести