19.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Брисел нема да прифати понатамошно заплашување од Москва порача Жозеп Борел

Најчитани вести

Европската унија ќе одговори на идните провокации на Русија, предупреди шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, оценувајќи дека односите меѓу Европската унија и Русија се на ниско ниво.

Обраќајќи се пред Европскиот парламент на дебатата за Русија, Борел им рече на пратениците дека Брисел нема да прифати „понатамошно заплашување на Москва“, јави „Еуроњуз“.

„Не сакаме да ја храниме динамиката на ескалација – нека биде јасно тоа. Покрај тоа, ние покажуваме дека нема да прифатиме тактика на заплашување и дека ќе одговориме на нив доколку се појават“, рече Борел.

Борел призна дека институциите на ЕУ имаат ограничени средства за притисок врз Русија и истакна дека надворешната политика „останува во надлежност на земјите-членки“.

„Државите од ЕУ треба да го зачуваат единството. Во главните градови на ЕУ се утврдува политиката кон Русија. Ние во ЕУ се обидуваме да изградиме единствена линија за надворешна политика, но, сакале или не, надворешната политика останува во надлежност на членката држави. Доколку нема единство нема да има заедничка европска политика”, нагласи Борел.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести