По дваесетминутна интервенција, медицинската екипа на Брзата помош замина од пред зградата на Кривичниот суд. Катица Јанева, која е во судот, се пожалила дека не се чувствува добро, по што била повикана Брза помош.
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е во Кривичниот суд, каде што ќе биде изведена пред судија од претходна постапка за да одлучи на барањето на Обвинителството за гонење на организиран криминал за притвор.
Во Кривичниот суд пристигна и Вилма Русковска.