24.8 C
Skopje
Friday, September 17, 2021

Брестовац одреди 19 ракометари за мечевите со Грузија

Најчитани вести

Македонската ракометна репрезентација денеска и утре има пријателски двомеч против селекцијата на Грузија, селекторот Брестовац ги одреди ракометарите со кои ќе ги игра овие мечеви.

Дел од искусните ракометари кои не беа дел од мечевите против Турција и Италија, ќе бидат во комбинација за дуелите со Грузија.

Ракометарите на кои ќе смета Брестовац за престојнитe два меча: Мартин Томовски, Борко Ристовски, Димитар Димитриоски, Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Мартин Поповски, Ненад Костески, Филип Талески, Филип Кузмановски, Дејан Кукуловски, Марко Мишевски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Мартин Велковски, Кирил Лазаров, Томислав Јагуриновски, Горан Крстевски, Жарко Пешевски, Филип Арсеновски.

Македонија вечерва со почеток од 20 часот го игра првиот меч против Грузија, утре од 16 часот е вториот дуел. Двата натпревари се играат во СЦ Борис Трајковски, влезот е слободен.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com