Home » Брентфорд го потопи Челси на Стемфорд Бриџ, Манчестер Сити брзо се врати на врвот

Брентфорд го потопи Челси на Стемфорд Бриџ, Манчестер Сити брзо се врати на врвот

by Журнал.мк

Челси доживеа дебакл на својот стадион откако со 4-1 загуби од Брентфорд, Кристијан Ериксен даде гол, Манчестер Сити со 2-0 славеше на гостувањето кај Барнли и се врати на врвот во Премиерлигата. 

По мирното прво полувреме на Стемфорд Бриџ, следуваше вистинска бура во вториот дел. Ридигер со гол во 48. минута го отвори резултатот и му донесе водство на Челси од 1-0. Но само две минути подоцна Јанелт изедначи на 1-1, а во 54. минута Кристијан Ериксен постигна гол за комплетен пресврт и водство на Брентфорд од 2-1. Во 87. минута Јанет даде уште еден гол за 3-1 за гостите, а конечните 4-1 беа дело на Виса во 87. минута од натпреварот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk