23.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Брендон и Бренда објавија заедничка фотографија по 20 години!

Најчитани вести

Иако од прикажувањето на серијата поминаа речиси 20 години, популарноста на Беверли Хилс никогаш не се намали.

Од неодамна тие се повторно во центарот на вниманието со снимањето на новите епизоди што обожавателите со нетрпение ги очекуваат.

Омилените актери од серијата постојано објавуваат фотографии од снимањето на социјалните мрежи, со што нетрпеливоста за тоа како ќе изгледаат новите епизоди расте уште повеќе.

Шенон Доерти ја објави можеби најочекуваната фотографија на нејзиниот Инстаграм профил на која позира со нејзиниот брат близнак од серијата, шармантниот Брендон или Џејсон Присли.

На фотографијата се гледа дека иако видно остарен, актерот е подеднакво згоден и шармантен како пред 20 години кога беше љубов на сите тинејџерки во светот.

„И така…Близнаците се вратија“, напиша актерката под фотографијата, по што нивните фанови не можеа да го скријат воодушевувањето во коментарите под објавата.

Според последните информации, премиерата на првата епизода од новата сезона се очекува да се случи на седми август годинава, а како што најавуваат продуцентите, продолжението ќе биде инспирирано од вистинскиот живот на актерите.  Инфо и фото: Zena.blic.rs

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести